Вечерна богослужба и Архиерејска Литургија во црквата „Света Петка“ во Мил Парк, Мелбурн

1263

На 29 Јануари, вечерта, на празникот на преподобниот Антониј Велики, во црквата „Света Петка“ во Мил Парк, Мелбурн се богослужеше Вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Надлежниот епархиски Архиереј Неговото Високопреосвештенство г. Петар.

После Вечерната богослужба следеше Промоција на капиталното дело – преводот на богослужбени книги (Минеи: Јануари-Декември, Посен и Цветен Триод, Осмогласник, Ирмологион, Празничен Зборник) на современ македонски јазик во издание на црквата Света Петка- Мил Парк, Австралиско – новозеландската епархија и Преспанско – Пелагониската епархија.

Истата вечер беше промовирана и книгата „Духовната доктрина на Свети Климент Охридски“ од Митрополитот г. Петар Караевски и книгата „Свештеници маченици“ на м-р Билјана Петковска во издание на Преспанско-пелагониската епархија.

Верниот народ, гостите и сите присутни во црковната сала се послужија со Трпеза на љубовта.

Утредента, на 30 Јануари, Неговото високопреосвештенство г. Петар богослужеше Света Архиерејска Литургија на која, благоволи, на парохискиот свештеник протоерејот Тоне Гулев  да му додели граден крст.

На литургијата верните се причестија со Телото и Крвта Христови.

На многу години!

Подражавајќи ја со твојот живот ревноста на Илија, и правиот пат на Крстителот следејќи го, отче нтоние, ти беше жител на пустината, и со твоите молитви ја утврди вселената. Затоа моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши. (Тропар на Светителот, глас 4.)

00 02 03 04 05 07 a 07 08 09 10 11 12 13 14 15 16 17 18 18a (2) 19 a 19 20a 21 (2) 22 23 23b 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 37 38

 

Previous articleАрхиерејска Литургија во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиденхам
Next articleВечерна богослужба во црквата Света Злата Мегленска во Вереби, Мелбурн