Пастирска грижа и помош за духовно здравје

Контакт информации

281 Plenty Rd, Mill Park, Vic, 3082
Тел: (03) 9436 0055
Email: pcаsh@mocdanzorgau.stage.site

Координатор: Протоереј-ставрофор Тоне Гулев
Тел: (03) 9436 0055; Mob: 0413 270 938
Email: revgulev@bigpond.com

Мисија

Спасението на човекот и исцелувањето на човековата душа остварено во Црквата Божја, преку духовното раководство и учество во Светите Тајни е главната цел на мисијата на Македонската Православна Црква, Епархија за Австралија и Нов Зеланд (МПЦЕАНЗ).

Свештениците на Австралиско-новозеландската епархија со пастирската грижа и духовната помош кон оние кои имаат најмногу потреба, и особено кон болните во болниците, ја покриваат цела територија на Викторија и Астралија.

МПЦЕАНЗ, во 2012 година, за поуспешно извршување на мисијата, стана членка и учествуваше во активностите на Healthcare Chaplaincy Council of Victoria (HCCVI), а од 2019 година продолжи да биде членка на Асоцијацијата за Духовно здравје (Spiritual Health Association). Како дел од организацијата, Епархискиот Оддел за духовна здравствена грижа и помош, во согласност со учењето на Православната Црква, подготви Програма за пастирска грижа, помош и духовно здравје, а чие исполнување финансиски е поддржувано од Министерството за здравство на Владата на Викторија.

Програмата, покрај посетата и средбата со верниците, и на оние кои им е потребна помош, вклучува печатење и публикување на пишани текстови, брошури со одговори на прашања, видео и аудио презентации, кои ќе можат да се најдат на оваа веб страна.

Веб страната понудува и други текстови и ресурси со духовна содржина, лекции за Православната вера, совети како да се справуваме во различни случаи во животот, информации за програми спроведени од одделите и службите на Епархијата, како и информации како да се стапи во контакт со свештениците и црковните општини во МПЦЕАНЗ.

Во мисионерската дејност активно учествуваат сите свештеници помагани од повеќе волонтери. Сите оние што сакаат да се приклучат се добредојдени и можат да нè контактираат.

Публикации

Итно (клиничко) Крштение
За воскресението и вечниот живот
Молитви и поучни текстови во време на болест
Молитвата со бројаница и духовното здравје