Училиште за подготовка на просфора

2451

На 1 Април, 2017 г., откако се отслужи Воскресната вечерна богослужба во црквата Света Петка во Мил Парк, во организација на Неделното Црковно Училиште при црквата, во црковната сала се изврши презентација и училиште за подготовка на просфора.

Најрадосни беа децата, кои го посетуваат училиштето секоја недела, за кои и најмногу беше наменета оваа презентација и поучување. Нивните чисти рачиња за прв пат во нивниот живот месеа просфора.

Прекрасно беше доживувањето да се биде заедно со нив. Се радувавме сите. Покрај дечињата имаше и други присутни и верници.

Нека Божјиот благослов биде секогаш со нив.

 

20170401_SvPetka_MIllPark_Mesenje_Prosfora_Sunday_Church_School_01_1 20170401_SvPetka_MIllPark_Mesenje_Prosfora_Sunday_Church_School_07_1 20170401_SvPetka_MIllPark_Mesenje_Prosfora_Sunday_Church_School_02_1 20170401_SvPetka_MIllPark_Mesenje_Prosfora_Sunday_Church_School_04_1 20170401_SvPetka_MIllPark_Mesenje_Prosfora_Sunday_Church_School_05_1 20170401_SvPetka_MIllPark_Mesenje_Prosfora_Sunday_Church_School_06_1

Previous articleАкатистна служба на Пресвета Богородица во црквата Света Богородица - Пречиста во Ливерпул, Сиднеј
Next article5 - та Недела од Велигденскиот пост во црквата Света Петка во Мил Парк, Мелбурн