Служба на Светите и Спасителни Христови Страдања во црквата Свети Илија во Футскрај

902

На 13 Април, во Светиот и Велик Четврток, во црквата Свети Илија во Футскрај се отслужи Утрена Богослужба и Службата на Светите и Спасителни Страдања на нашиот Господ Исус Христос. На службата се прочитаа 12 – те страдални Христови Евангелија, беше изнесено Распетието Христово, а присутните верници се поклонија на Христовите страдања и му вознесоа слава на долготрпеливиот Христос кој доброволно пострада заради луѓето.

Слава на Твоето Долготрпение Господи, слава Ти!

IMG_1665 IMG_1666 IMG_1667 IMG_1668 IMG_1669

Previous articleСинаксар на Светиот и Велик Петок
Next articleСвет и Велик Четврток, Василиева Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај