Работна акција во пресрет на Велигден и донаторска радио програма за доизградба на црквата „Свети Никола“ во Перт

959

На 1 Април, 2017 г., во МПЦО Свети Никола во Перт, во пресрет на големиот празник Воскресение Христово, успешно се заврши работната акција за генерално чистење на Црквата и црковниот двор.

Истиот ден, благодарение на сопствениците на радиото Мак-фм, беше организирана донаторска радио програма за собирање на средства за доизградба на новата Црква. Програмата ја водеа сите водители на радиото, а за време на отворената програма од верните чеда на Македонската Православна Црква беа донирани 7500 австралиски долари. Јавувањата за донација стигнуваат и после програмата.

Благодарност до сите дарители. Бог да им дарува небесни дарови.

photo (8) photo (9) photo (10) photo (11) photo (12) photo Photo 2a

 

Previous article5 - та Недела на Велигденскиот пост во манастирот во Донибрук
Next articleАкатистна служба на Пресвета Богородица во црквата Свети Никола во Престон