Преподобен Наум Охридски Чудотворец - Манастирска слава во манастирот во Роклин, Викторија

1179
Соединувајќи се со Христа , си го оставил светот, живеејќи со дух, телото си го распнал преблажени Науме. Си се стремел како апостолите да се подвизуваш и безбројното мизиско множество во верата си го вовел. Така и нас со твоите молитви избави нѐ од искушенија. (Тропар на преподобниот, глас 4.) 

На 03.07.2016 г., во манастирот на Преподобниот Наум Охридски во Роклин, Викторија беше прославен патрониот празник.
Верниот народ од Мелбурн и околината, традиционално го посети Светинаумовиот манастир во Австралија и го прослави Охридскиот чудотворец.
На Празничната богослужба и Божествената литургија, присутните му заблагодарија на Бога за големата милост, и преку Преподобниот Наум просеа исцеленија за душите и телата. Поклониците празникољупци по причестувањето со Христовите Тајни и Евхаристијата се послужија со празничната трпеза подготвена од овогодинешните домаќини.

 

Previous articleОд тековната изградба на новиот храм во манастирот „Свети Прохор Пчински“ во Донибрук
Next article8-ми Ден, бр. 62