Jа изгонивте темнината и ја озаривте земјата со светлината на Божјото слово - проповед во денот на св. апостоли Петар и Павле

7648

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете го Владиката на сите да ни дарува мир на светот и на душите наши – велика милост. (Тропар на светите апостоли Петар и Павле)

Браќа и сестри, вака молитвено се обраќаме кон светите велики Христови апостоли Петар и Павле. Од сите апостоли светата Црква на посебен начин ги прославува овие двајца апостоли, кои ги нарекува и првопрестолни. Таква висока чест им се одава заради великите трудови и подвизи кои тие ги примаат врз себе си за делото на евангелското благовестие. Дури и Свети Јован Златоуст смета дека е тешко да се даде поголемо почитување на било кој од нив, постојано именувајќи ги двајцата за столбови на Црквата. Нашиот Господ Исус Христос ги избира, за да го разпространат Неговото учење по сите краишта на вселената, која во она време е потопена во незнабожечкиот мрак, потонала во разврат, сластољубие и нечестие. Ете тој мрак треба да го прогонат Христовите ученици и да ја озарат земјата со светлината на Божјото слово.

Колку вера, лубов кон Бога и кон ближниот, преданост кон вољата Божја пребиваат во душите на тие апостоли! Та го разнесуваат словото на светото благовестите по сите краишта на вселената, крштевајќи ги сите народи, трпејќи пот, студ, жед, гонења, мачења, единствено за да послужат на великото дело за спасението на човечкиот род.

Неизбројни се бедите, што ги претрпуваат овие апостоли. Целиот живот им е непрестаен подвиг заради славата на Христовото име. Така, заради Христовото учење свети апостол Петар повеќе пати е затворан во темница (Д.Ап. 5,18; 12,4), поднесува тепање и исмевање (Д.Ап, 5,18-33) и е расспнат на крст со главата надолу. А свети апостол Павле кажува за себе си, дека бил „во рани… во темници и многу пати на умирање“ (2 Кор. 11:23). И заради што трпат толку страдања, толку маки? – Сé е тоа заради Христос, заради Неговата слава, спасението на својата душа и душите на ближните.

Заради Христос, кажува апостолот Павле, „… од сé се одреков, и се сметам за отпад, за да го придобијам Христа…“ (Фил. 3,8). „… За мене животот е Христос, а смртта – добивка“, изрекува светиот апостол (Фил. 1,21). Тој го завршува животот со маченичка смрт: обезглавен е со меч во Рим.

Ете за тие трудови и страданија светата Црква ги почива апостолите Петар и Павле со епитетот „првопрестолни“.

Но каква поука и какво надградување можеме да извлечеме ние од животот на тие велики работници на Христовата нива?

Отци, браќа и сестри! Секој од нас, раѓајќи се во земниот живот, добива од Господа наследство – нива, која е повикан да ја обработува. Нивата е нашата душа, а земниот живот – времето за нејзината обработка. Стопанот на нашата душа и живот е Господ, на Кого и ќе треба да му дадеме одговор за својата дејност. Оттука произлегува нашето прво и неизменливо задолжување – да се грижиме за својата нива, за душата, за нејзиното спасение.

Од кого треба да се учиме на тоа, ако не од истите тие свети апостоли, тие највелики работници, кои го посветуваат целиот земен живот на обработувањето на нивата Христова. Нивниот живот ни дава не само спасителен пример, но и ни го посочуваа самиот пат кон спасението.

Во срцата светите апостоли имат цврста вера и љубов кон Оној, Кој ги испраќа на тоа велико дело. Подражувајќи им го животот, христијаните исто така треба да имаат силна вера и љубов кон Оној, чие име го проповедаат светите апостоли. Нашата вера треба да биде непоколеблива, разумна и свесна, за да не можат да не вознемират никакви приговори на лажливата наука (види 1 Тим. 6,20).

Имајќи таква вера, срцето на христијанинот треба да гори од искрена љубов кон Бога и кон луѓето, со онаа љубов на апостол Петар, која тој ја посведочува пред Христос: „Господи, Ти сé знаеш; Ти знаеш, дека Те љубам“, како одговор на трикратното прашање: „Симоне Јонин, Ме љубиш ли?“ (Јн. 21,15-17). И љубовта кон луѓето, за која говори апостол Павле: „… и живејте во љубов, како што Христос нé возљуби и за нас се предаде Себе Си“ (Еф. 5,2). Плодовите на таа љубов, според учењето на гореспоменатиот апостол, се совршеното незлобие, праведноста (Кол. 3:8-9), сиромаштвото, целомудрието во слово и во дело (Ефес. 5:3) и особено простувањето. Бидете снисходливи едни кон други, кажува апостолот, и ако некој има против некого поплака взаемно проштевајте си, како што Христос ви прости, така и вие (види Кол. 3,13).

Таков е, отци, браќа и сестри, патот по кој, според учењето на светите апостоли, можеме да го исплниме законот Христов и да ја спасиме својата душа. Трнлив е тој пат! Но за да го придобиеме Христос, за да израснат и на нивата на нашата душа сите добродетели, посочени од апостолите, секој од нас треба многу да се бори со самиот себе си, со лошите склоности, навики и со соблазните, кои не пресретнуваат на секој чекор од нашиот живот и доаѓаат де од луѓето, де од непријателот на нашето спасение – ѓаволот. Но Христовиот воин не треба да се вознемирува од тоа. Да си спомнеме што поднесуваат заради името Христово прославените денешни првопрестолни апостоли. И со ништо друго не можеме да ги почитуваме подобро од тоа, освен да дадеме цврсто ветување дека ќе го исполнуваме сé она на кое нé учат, и според силите да го следиме нивниот пример. Исполнувајќи го сето тоа, ние во нив ќе имаме топли посредници и застапници пред Бога. Амин.

Схи-архимандрит Јован (Маслов)

извор: Pravmir.ru

Previous articleБлагодарност за незаслуженото
Next articleПразникот Петровден во црквата Свети Никола во Перт