Љубовта е најмелодичната нота на животот

7393

Љубовта е најубавиот цвет во градината на доблести, коишто колективно го сочинуваат букетот на проникливоста. Таа е најживописната боја во рамките на виножитото на Евангелското небо.
Таа е бисер со најголема цена од круната на верата. Таа е клучот што ги отвора сите врати на човечките односи.
Таа е лекот што ја лечи секоја болест на душата и телото. Таа е огледало со илјадници отсликувања на Бога. Таа е среќната насмевка на пролетта. Таа е најмелодичната нота на животот. Таа е Евангелска и ангелска химна на небото.
Извесен светител би се молел со овие зборови: „Господи, дозволи ми да им помогнам на другите, а не другите да ми помагаат. Дај ми сила да сакам, а не да бидам сакан. Дај ми сила да имам разбирање, а не да бидам разбран.“
Љубовта, начинот на којшто мислеше нашиот Господ, а не начинот на кој е погрешно разбран и искривен од луѓето, е израз на жртвување. Таа е како духовна арома. (Еф.4: 18)
Му припаѓа на срцето како плод и дар за нашето расположение.
Љубовта не се мери со тоа што давате, туку според тоа како давате.
Љубовта не ја протега само вашата рака, туку го дава и срцето.
Ако знаете да се споделите со другите, тогаш знаете како да сакате. „Зашто Бог сака весел дарител“ (9 Кор. 9: 7) им вели Павле на Коринтјаните.
Бог ја сака милостивата личност која дава изобилно, со весело лице и со своја волја.

Старец Ефрем Аризонски

Previous articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Перт
Next article8-ми Ден бр.78