Безгрижниот го следи Христа и постојано гледа кон Небото - преподобен Јован Лествичник

1194

Човекот кој навистина го љуби Господа и го бара идното LestvichnikЦарство, човекот кој навистина жали за своите гревови и се сеќава на маките и вечниот Суд, човекот кој сериозно стравува пред помислата на својата смрт – не е повеќе во состојба да води сметка за имотот, парите и славата на овој свет, за родителите, пријателите, браќата, ниту за било што земско.

Престанувајќи сосема да се грижи за тоа, замразувајќи ја секоја помисла на тоа, па дури и своето сопствено тело, слободен од сѐ, безгрижен, тој одважно го следи Христа и постојано гледа во небото, очекувајќи помош, по зборовите на светиот псалмопевец: Кон Тебе се прилепи душата моја  (Пс.62,9).

Previous articleЧетврта недела на Великиот пост во црквата Свети Илија во Футскрај, Мелбурн
Next articleЧетврта недела на Великиот пост во Соборната Црква во Сиденхам, Мелбурн