Честитка од МПЦЕАНЗ до Надлежниот Архиереј

850

ВАШЕ ВИСОКOПРЕОСВЕШТЕНСТВО,

Од името на верниците, свештенството и монаштвото, Македонските православни црковни општини и телата и органите на Македонската Православна Црква Епархија за Австралија и Нов Зеланд, Ви го честитаме 70-от роденден и 35 години од Вашето архипастирствување, од кои 21 година посветивте на МПЦЕАНЗ, со Вашето неуморно работење и мудро раководење, како надлежен Епархиски Архиереј, со благопожелби за уште поголеми постигнувања во Вашата света апостолска мисија.

Иако немаме можност и лично да присуствуваме на свеченоста, организирана по овој повод, во мислите молитвено и ние од оваа далечна земја Австралија, се разбира и од Нов Зеланд, учествуваме во овој голем и свечен настан за нашата света Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија.

На многу години Високoпреосвештени Владикo свети!

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,

ЕПАРХИЈА ЗА АВСТРАЛИЈА И НОВ ЗЕЛАНД

Previous articleПоставена новата електрична инсталација во црквата Свети Никола, Перт
Next articleСредба со децата во МКЦ „Илинден“