Света Тајна Миропомазание

1842

Светата Тајна Миропомазание ја дополнува Светата Тајна Крштение, заедно со неа правејќи единствен црковен чин. Ова света тајна се состои од помазување на одредени делови на телото (челото, носот, ушите, устата, градите, рацете и нозете) на личноста што се крштева, со посебно осветена материја – свето миро.

Значењето на оваа Света Тајна се открива во зборовите на свештеникот, кои ги изговара за време на миропомазанието: „Печат на дарот на Светиот Дух“.

Печат – е знак на Оној, Кому му припаѓаме. Во оваа Света Тајна новокрстениот Го добива Светиот Дух како дар од Бога, дар со кој се исполнува полнотата на осветувањето на Христијанинот за време на неговото влегување во Црквата.

Апостолите, кои биле испратени да го проповедаат Евангелието за време на земниот живот на Господа Исуса Христа, од него добиле на дар одредени даровина Светиот Дух, како на пример: исцелување на болести, изгонување на нечисти духови, воскресение на мртви.

Кога им се јавил на учениците набругу по Светото Воскресение, Христос им подарил способност (моќ) да простуваат гревови, откако дувнал и им рекол:

„Примете Дух Свети! На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат“ (Јован20, 22 – 23).

И дури на Светата Педесетница, Испраќајќи  Го Светиот Дух врз учениците во облик на „огнени јазици“, Господ им ја подарил целата полнота на даровите на благодатта, потребни за живот на Црквата.

Слично на ова, и Христијанинот, кој во Светата Тајна Крштение стекнува очистување на гревовите, раѓање за вечен живот, во Светата тајна Миропомазание стекнува полнота на благодатта како дар на Светиот Дух.

Од книгата: Црковен живот за почетници, Протоереј Александар Торик

Библиотека „Св. Гаврил Лесновски“, Штип, 2012

 

Previous articleНепознатата лекарка - хирург од Андрос
Next articleСпасение и погибел