Спасение и погибел

1840

Вашето спасение и вашата погибел е во вашите ближни. Вашето спасение зависи од тоа како се однесувате спрема своите ближни. Не заборавајте, дека во нив го гледате образот Божји. Наградата за простување на навреда, е поголема од наградата за секоја добродетел.

Без трпение и снисходливост (попустливост) спрема ближните е невозможно да се живее. Никогаш никој не осудувајте. Секој човек, па каков и да бил тој, примајте го со добри чувства и со надеж дека во него го пронаоѓате само доброто, гледаjќи го пред себе образот Божји. Пазете се од осудувањето како од оган, коj може да го потпали храмот во вашата душа. Не обрнувајте внимание на човечката слабост, од луѓето не очекувајте, грижете се за самите себе.

Пазете се од шегувања и невнимателни зборови во меѓусебните односи. Такви осудувања и празнословија можат да преминат во навика. Внимателно грижете се за себе, и сите сметајте ги за подобри од вас, така ќе ви помогне Бог. Треба, не само да постапуваме туку и да говориме со страв Божји, мереjќи го секој збор пред да го изговориме.

Преподобен Никон Оптински

Previous articleСвета Тајна Миропомазание
Next articleЗа вистинските и лажните духовници - Монах Симеон Атонски