За душевниот мир - свети Серафим Саровски

1856

За да го сочуваме душевниот мир, треба од себе да го отстраниме унинието (очајанието) и да се погрижиме да имаме радосен, а не тажен дух, според зборовите на Сирах: “Жалоста многумина убила, никаква корист од неа нема” (Сир. 30,25).

Заради чување на душевниот мир, исто така треба на секој начин да се избегнува осудувањето на другите. Со неосудување и со молчење го чуваме душевниот мир. Човекот во таква состојба стекнува божествени откровенија.

За чување на душевниот мир, човекот треба почесто да влегува во себе и да се прашува: “Каде сум јас?”

При тоа, тој треба да внимава телесните сетила, особено сетилото за вид, да му служат на внатрешниот човек и да не ја расејуваат душата со сетилни предмети. Бидејќи, благодатни дарови добиваат само оние кои имаат внатрешно дејствување и кои бдеат над својата душа.

Previous articleАрхимандрит Кирил Павлов - Филм
Next articleКако да го направите заморното секојдневие, монашка келија - Игумен Трифун