Во Ермитаж изложен единствениот животен портрет на Св. Ксенија Петроградска

2852

Портрет со маслени бои од Блажената Ксенија Петроградска, беше пронајден меѓу колекциите на Ермитаж во Санкт Петербург, за кого истражувачите веруваат дека е единствената животна слика од заштитничката на градот. Делото беше реставрирано и изложено во одделот „Древно Село“ од музејот, изјавува Izvestia.

Систематизирајќи ги колекциите на музејот, тие застанале на портретот, иако претходно никој не обрнувал големо внимание на тоа.

Сликата дошла во Ермитаж од историско-домашниот оддел на Рускиот Музеј, расформиран пред војната. Фјодор Морозов го однел делото во Рускиот Музеј во 1930 г., од Смоленските гробишта, каде што го пронашол, заверувајќи го како портрет на Блажената Ксенија.

Хемиските анализи на почвата на сликата покажуваат дека била насликана во доцен осумнаесетти или ран деветнаесетти век. На портретот има многу изгореници и восок на краевите на сликата, што покажува дека сликата била почитувана, со запалени свеќи пред неа. Била чистена неколку пати низ годините, освежувана со нови бои и со мали промени. На некои слоеви на боја, некој го издолжил вратот на кошулата на Св. Ксенија и ја зголемил должината на нејзината коса, правејќи ја да изгледа поженствено.

„Портретот бил насликан некако спонтано – брзо и уверено“, вели реставраторот Николај Малиновски. „Веројатно, уметникот ги скицирал цртите на Ксенија додека седела. Во секој случај, портретот е многу уникатен; тој не е измислен и не е генерализиран. Очите на уметникот, очигледно ја гледале личноста која ја сликале“.

Иако човекот што го сликал портретот, веројатно бил аматер, тој успеал да го пренесе нејзиниот мудар образ и духовен фокус, па дури и внатрешната светлина која излегувала од св. Ксенија. И сепак, тоа е лице – не симболичен лик.

Извор: http://www.pravoslavie.ru

 

Previous articleНедела на Митарот и Фарисејот - Божествена Литургија во црквата „Свети Илија“, Футскрај
Next articleЗа црковните празници - Свети Теофан Затворник