Вечерна богослужба и Архиерејска литургија во црквата „Свети Никола“, Северен Перт

771

На 4 и 5 Февруари, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар ја посети Македонската православна црква и црковна општина „Свети Никола“, 69 Angove st. во Северен Перт.

Во Саботата навечер беше одслужена Воскресна вечерна богослужба, а во Неделата на Цариникот и Фарисејот, кога го празнуваме и споменот на светиот свештеномаченик Климент Анкирски и светиот маченик Агатангел, во храмот се богослужеше Неделна утрена и Света Божествена Литургија.

Неговото високопреосвештенство Митрополитот г. Петар по повод Неделното евангелие изговори пригодна беседа, а верниот народ собран околу својот пастир заблагодари на Бога и се причести со светите Христови тајни.

По литургијата беше извршен Молебен за почеток на новата школска година. Радоста кај децата-ученици беше голема оти оваа година тие имаа можност да добијат архипастирски благослов од својот Архиереј.

IMG_1168 IMG_1171 IMG_1178 IMG_1181 IMG_1183 IMG_1184 IMG_1186 P1380321_1 P1380323_1 P1380326_1 P1380328_2 P1380329_1 P1380331_1 P1380338_1 IMG_1209 IMG_1215 (1) P1380341_1 P1380348_1 IMG_1222 IMG_1223 P1380351_1

Previous articleПослушноста не е потребна само на монасите туку и на секој човек
Next articleНедела на Митарот и Фарисејот - Божествена Литургија во црквата „Свети Илија“, Футскрај