Послушноста не е потребна само на монасите туку и на секој човек

1010

SiluanMelnica3 orgПослушноста не е потребна само на монасите, туку и на секој човек.

Гордите и самоволните луѓе не дозволуваат благодатта да живее во нив, и затоа никогаш немаат мир во душата.

Во душата на послушниот благодатта на светиот Дух лесно навлегува и му дава радост и спокој.

Сите бараат мир и радост, но малкумина знаат каде да ги најдат и што е потребно да се дојде до нив.

Кој во себеси има и најмала благодат, со радост се покорува на секоја власт. Тој знае дека Бог управува со небото и земјата, и со она што е под земјата, со него самиот и со она што на него се однесува, и затоа е спокоен.

Послушниот се предал на волјата Божја, не плашејќи се од смртта.

Тој ја отсекол својата волја, и поради тоа ниту во телото ниту во душата ја има онаа борба која ги измачува непокорните и своеволните.

Свети Силуан Атонски

Previous articleЧовекот без вера е сличен на брод без кормило
Next articleВечерна богослужба и Архиерејска литургија во црквата „Свети Никола“, Северен Перт