Утрена Богослужба и Оплакување Христово во манастирот Донибрук

793

Денес гробот го држи Оној што со рацете тварта ја држи; камен го покрива Оној што небесата со добродетел ја покрива; спие животот, а адот трепери и Адам од оковите се ослободува.  Слава ѝ на Твојата промисла, Боже, со која откако го исполни сиот вечен покој, ни го дарува Твоето сесвето воскресение од мртвите. (Хвалитна стихира, глас 2)


На 14 Април, во Светата и Велика Сабота, во манастирот Свети Прохор Пчински, се отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово.

По литијата и трикратниот опход околу манастирската црква, верниот народ поклонувајќи се, ја целива плаштаницата и ги возвеличи Христовите страдања и доброволното погребение.

Господи Слава му на Твоето снисходење! 

IMG_2930 IMG_2931 IMG_2933 IMG_2935 IMG_2937 IMG_2939 IMG_2940 IMG_2941 IMG_2943 IMG_2944 IMG_2945 IMG_2946 IMG_2947 IMG_2948 IMG_2949 IMG_2950

Previous articleСвет и Велик Петок - Вечерна богослужба во манастирот Донибрук
Next articleСинаксар на Светата и Велика Сабота