Традиционален пикник во манастирот „Свети Наум Охридски“ - Роклин

1245

На 15 Јануари 2017 година, во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Роклин, по повод Новогодишните и Божикните празнувања се одржа редовниот традиционаниот пикник.

На самиот ден беше отслужена Неделна утрена и света Божествена Литургија.

Светинаумовата манастирскa црква ја посетија многубројни поклоници кои се помолија на Светиот Наум за секое добро од Господа.

Во манастирскиот комплекс, многубројните гости, дојдени од сите страни на Австралија, имаа можност да го вкусат манастирското благословено гравче.

Во паркот наменет за рекреација празнувањето продолжи со изведба на традиционална македонска музика, ора и песни. Убава слика беше заедничкото играње на прекрасните македонски ора.

Најмладите дечиња, кои со своите родители беа дојдени во голем број, се јавија како донатори на средства кои ќе бидат наменети за обнова и изградба на нивното детско игралиште (play ground).

Народот се радуваше и веселеше и штедро даруваше. Беа собрани 26 000 австралиски долари – донација за манастирот.

01_1 02_2 IMG_1989 IMG_1990 03_1 04_1 05_1 06_1 07 (2)_1 09_1 10_1 11_1 12_1 13_1 14_1 15_1 IMG_1985 IMG_1986 IMG_1987 IMG_1988

Previous articleБожик во црквата „Свети Никола“ - Престон, Мелбурн
Next articleЕдноставни слики за Царството Небесно