Томина Недела во манастирот Донибрук

1011

Бидејќи учениците се сомневаа, во осмиот ден Спасителот застана пред нив, кај што беа собрани и, откако им го даде мирот, го повика Тома и му рече: Пријди, апостоле, допри ги рацете што ги прободоа клинците. О добро неверие Томино, срцата на верните ги приведе кон познание, и со страв повика: Господ и Бог мој, слава Ти. (Стихира на Слава, и сега, глас.1)


На 23 Април, во Неделата на Антипасха – Томина Недела, кога се празнува споменот на Светите маченици Терентиј, Помпеј и останатите 4о маченици, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, се богослужеше Утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

Истиот ден, во манастирската црква, г-динот Радивој Ребершак ја прими Православната вера. Над него се изврши Светата Тајна Крштение и Миропомазание и го доби новото крстено име Мартин.

По молитвите на Светиот Мартин Исповедник – Папа Римски, Христе Боже помилуј го него и нас! Амин!

IMG_8112_1 IMG_8114_1 IMG_8134_1 IMG_8135_1 IMG_8137_2 IMG_8140_1 IMG_8150_1 IMG_8152_1 IMG_8153_1 IMG_8154_1 IMG_8155_1 IMG_8159_1 IMG_8160_1 IMG_8180_1 IMG_8192_1 IMG_8226_1 IMG_8242_1 IMG_8244_1 IMG_8249_1 IMG_8261_1 IMG_8305_1 IMG_8346_1

Previous articleПресвета Богородица – Живоносен извор, Вечерна богослужба и Молебен канон кон Богородица во манастирот Донибрук
Next articleТомина Недела во црквата Свети Илија во Футскрај