Оставете ги децата да приоѓаат кај Мене - Божествена Литургија во црквата Свети Никола во Перт

856

Оставете ги децата да приоѓаат кај Мене (Мк. 10,14).


На 25 Март, во Саботата од Четвртата седмица на Велигденскиот пост, кога ги празнуваме Свети Григориј Двоеслов и Свети Симеон Нов Богослов, во црквата Свети Никола во Перт, се отслужи Света Литургија на која се причестија најмладите.

Му благодариме на Бога за милостите и добрините излеани врз нас. Ова е прва литургија во оваа парохија, на која во група учестуваат најмладите и задоволни сме од одзивот. Наша желба е овој настан да стане традиционален. Секоја година во Велигденскиот пост, најмладите во што поголем број да учествуваат во евхаристијата и да пристапуваат кон Светите Тајни Христови, па како живи членови на Црквата да ја запазат и негуваат Православна Вера.

photo 00 photo (6) photo (5) photo (4) photo (3) photo (2) photo (1)

Previous articleАкатист на Пресвета Богородица во црквата Свети Илија во Футскрај, Мелбурн
Next articleВоскресна вечерна богослужба и Елеосветување во црквата Света Петка во Мил Парк, Мелбурн