Сеноќно бдение во манастирот во Донибрук, Мелбурн

1075

Ќе ја отворам устата моја, и со Дух ќе се исполни, и слово ќе ѝ кажам на Мајката Царица, и ќе се покажам светло торжествувајќи и, радувајќи се, ќе ги воспеам нејзините чудеса. Пресвета Богородице Спаси нѐ! (Ирмос од канонот на Пресвета Богородица, Глас. 4)


На 31 Март, 2017 г., во Петокот вечерта и утрото во Саботата на Петтата седмица од Велигденскиот пост, кога се празнуваат светите маченици Хрисант и Дарија Римски, и се пее Акатистната (неседална) песна на Пресвета Богородица, во женскиот манастир Свети Прохор Пчински во Донибрук, се богослужеше Сеноќно бдение.

На бдението беше извршен чинот на благословување на петолебие, беше отслужена Службата на Акатистот и со радост испеан празничниот канон на Пресвета Богородица.

На Светата Божествена Литургија, присутните верни чеда му се заблагодарија на Бога и се причестија со Телото и Крвта Христови.

 

Previous articleЗа да го најдете Господа смирете се до прав - Свети Нектариј Егински
Next articleАкатист на Пресвета Богородица во црквата Свети Илија во Футскрај