Се упокои во Господа многупочитуваниот руски старец, Кирил Павлов

2466

Вчера вечерта, на 20 февруари, 2017 г., во Переделкино, на 98 години, после долго боледување се упокои во Господа долгогодишниот духовник на Свето-Троицко Сергиевата Лавра, духовникот на Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија Алексеј II, архимандритот Кирил Павлов.

Архимандрит Кирил (во светот Иван Дмитриевич Павлов) е роден на 8 октомври, 1919 г. во Рјазанската губернија.

Отец Кирил ретко зборувал за било што од неговиот световен живот. Само од едно интервју, се знае дека се родил и израснал во побожно селско семејство. Но, по неговите зборови, „од 12 години, живеел во неверничка средина, кај братот, и ја изгубил својата духовност“.

Во младоста, работел како технолог во металуршски комбинат, во војска служел на крајот на 1930-тее. Служел во пешадија.

Учествувал во Великата Отечествена војна како лејтенант, учествувал во одбраната на Сталинград (командувал со водот), во борбите покрај езерото Балатон во Унгарија, ја завршил војната во Австрија. Се демобилизирал во 1946 г.

За време на војната, повторно се обратил во верата. Се сеќавал, како држејќи стража во разрушениот Сталинград, во април 1943 г, меѓу урнатините на некој дом нашол Евангелие, од кое веќе не се разделил.

По завршувањето на војната, се запишал во Московската Духовна Семинарија, која тогаш се наоѓала во Новодевичјиот манастир во Москва, после што завршил и Духовна Академија. Оттогаш, неговиот живот се поврзува со Троицко-Сергиевата Лавра.

На 25 август, 1954 г., примил монашки постриг. Истата година ја завршил и Московската Духовна Академија, и на 6 октомври бил ракоположен за јероѓакон, а потоа – и за јеромонах.

Прислужувал во олтарот, а потоа бил ризничар на манастирот. Од 1965-та година – е духовник на браќата во Лаврата. Бил возведен во архимандритски чин.

По сведоштвата на современиците, своевремено кај него се исповедале и Патријархот Алексеј I и Патријархот Пимен; бил духовник на Патријархот Алексеј II, поради што се преселил во Патријаршиската резиденција во Переделкино. Продолжил духовно да ги поткрепува монасите на Лаврата, примајќи и многубројни верници.

Во почетокот на 2000-те, старецот добил излив, кој најпрвин го направил неподвижен, а потоа, речиси сосема го лишил од можноста да комуницира со надворешниот свет. Прикован на постела, тој храбро ја трпеше својата болест, не барајќи поддршка и утеха, но во кратките моменти кога му се враќаше силата, самиот ги поткрепуваше и утешуваше другите.

Автор на многубројни проповеди и поуки. Наставник на млади монаси, кои примиле постриг во Лаврата. Многу пишувал во епистоларен жанр, секоја година испраќал на архиереи, свештеници, мирјани, духовни чеда, па дури и на малку познати луѓе, по 5000 писма со поздрави, совети и поуки.

Бог да му подари Царство Небесно на Архимандритот Кирил

https://www.youtube.com/watch?v=z9vqsazqvq8[:en]Moscow, February 20, 2017

 

Source: http://www.pravoslavie.ru/english/101225.htm[:]

Previous articleПодготовка за Великиот пост - Сирната седмица
Next articleАрхимандрит Кирил Павлов - Филм