Успешна донаторска акција за комплетирање на Парохискиот културен центар во Сиденхам

7685

На 29 август 2020 г., на црковната сметка за изградба на Парохискиот културен центар при Соборната црква во Сиденхам, пристигнаа паричните средства собрани од донаторската акција „Completion of the Sydenham Church Hall“ организирана на празникот Илинден од Горан Ристевски – Dj Mangal.

На илинденската донаторска акција, дарителите македонци од Мелбурн и Викторија, но и од другите Австралиски држави, донираа $31,972.

Донираните средства ќе се употребат за набавка и инсталација на систем за ладење и греење во Парохискиот културен центар во Сиденхам.

Голема благодарност кон организаторот на акцијата г-дин Горан Ристевски (Dj Mangal) и кон сите што со своите донации ја поддржаа акцијата.

Господ да ви дарува духовни и вечни дарови!

Од Канцеларијата на Австралиско-новозеландската епархија

Previous article8-ми Ден бр.78
Next articleАвстралиско-новозеландската епархија стана одобрен провајдер за Специјално верско образование (СРЕ) на Министерството за образование на Нов Јужен Велс