Нема смисла да велиме дека сме Xристијани. Треба да докажеме дека сме Xристијани!

896

Дел од видео интервју на Старецот Никон од Света Гора кој зборува за најмоќното сведочење на еден христијанин за верата – неговиот живот.


Старец Никон: Ако некој брат или сестра гледајќи го ова видео, рече: “Зарем не сум христијанин?” “Крстен сум, миропомазан сум, одам во црква за Божик и Велигден…” “Што велиш?” “Не сум ли христијанин?”

Одговорот беше даден од устата на самиот Бог: “Покажи ми ја својата вера преку своите дела!” [Јаков 2:18].

Оче, какви нешта треба да направи некој за да се смета за христијанин?

Старец Никон: Дури и Јеховините сведоци велат дека се христијани! Протестантите велат дека се Xристијани, сите велат дека се Xристијани! Зар не се Xристијани? Дури и Аријанците велат дека се Xристијани! Секој се гледа себеси како Xристијанин, со својот ум и лудило!

Дали тој или таа ги живеат Тајните на Црквата во животот? Дали тој ги исповеда своите гревови? Дали тој учествува во заедницата? Дали се моли? Дали се грижи за  неговиот ум биде чист? Ако е така, тогаш тој е Xристијанин! Овие знаци ќе станат видливи без негова волја. Од начинот на кој тој живее. Од начинот на кој тој зборува! Од начинот на кој тој се однесува! Ова ќе стане видливо и без негова волја! Писмото вели дека оние што се на врв на планина не можат да се сокријат. ”Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина”. (Мат. 5:14]

Нема смисла да викаме гласно дека сме Xристијани! Треба да докажеме дека сме Xристијани!

Бев трогателно импресиониран од Мајка Гаврилија, која, додека беше медицинска сестра, пред да стане монахиња, ги применуваше своите физиотерапеутски вештини на Индира Ганди. Еден ден, сопругата на Махараџата го посети Премиерот, а мајката Гаврилија никогаш порана и немаше зборувано на Индира Ганди. Жената на Махараџата ја праша Ганди: “Што е таа?” И Ганди одговори: “Таа е Xристијанка!” “Но, таа не е како другите, како Протестантитe или Kатолицитe”.

Како таа го знаела тоа?

– По нејзиниот живот!

С. Никон: Точно! Така ќе бидеме сведоци на Христа! Еден од Африка се пресели во Ксанти и дојде во мојата ќелија и ми рече:
“Таму многу ретко гледавме свештеник, двапати годишно доаѓаше до длабочините на Африка, бевме сами. Пред да заминам, се крстија 400 африкански семејства. Тие сакаа да станат Православни Xристијани.”

И го прашав: “Што направивте?”
“Ги крстивме кога дојде свештеникот.”
“Па, ги катехизиравте ли? Кој ги катехизира? Кој им кажа за Православието за да разберaт што се случува?”
“Да”, рече тој, “тоа е баш она што ги прашавме: зошто сакате да станете   Православни?”
И што рекоа Африканците?
“Многу години ги следиме Протестантите, Католиците, a и вaс исто така.
И одлучивме дека сакаме да бидеме како вас!”

Ова е сведочењето! Ете како се докажува дека некој е Xристијанин! Ете како треба да викаш дека си Xристијанин: со затворена уста!

Кога твојот живот е во спротивност со твоите зборови, твоите зборови се празни. Затоа Отците на Црквата велат: “Зборовите без живот се молк, тишина! Животот без зборови е гласен! “Твојот живот, дури и без зборови, вика и покажува кој си ти! Но, бидејќи ние сме мрзливи, бидејќи не сакаме да се умориме, повеќе сакаме да ги убедиме луѓето за христијанството преку аргументи, зборови, проповеди и извици.

“Јас сум Xристијанин, и не треба да ми кажувате што да правам”, и ја маскираме нашата себичност со наметката на Xристијанството. И ние бараме нешта што Xристијанинот никогаш не треба да ги побара!

Пред сѐ треба да се бориш да станеш Xристијанин, a после тоа ќе направиш сѐ друго! Преку оваа борба ќе се спасиш, а и оние околу тебе исто така ќе бидат спасени!

Во Xристијанството нема приватно спасение!
Како резултат на твојата лична борба, околу тебе милиони ќе бидат спасени.

И не треба да знаеш како. Бог го има Cвојот план!

извор:www.otelders.org

Previous articleСвета Литургија во Соборната црква во Сиденхам (8-ма Недела по Педесетница)
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Пророк Илија во Футскреј (9-та Недела по Педесетница)