Само чудото на покајанието може да нè спаси

7064

Човекољубивиот Бог преку искреното покајание веднаш го прима обраќањето на Своите чеда што згрешиле. Човекот кој што го мрази злото и го сака доброто, го остварува своето покајание и одново станува возљубено чедо Божјо. Поради својата слобода секој христијанин може да избира што сака. Насила ништо добро не се постигнува. Дури ни Самиот Бог не сака да ја изнудува нашата слобода. Слободата е изпреплетена со љубовта. Гревот е безумие, апсурд. Бог не го држи насила никого. Тргнувајќи кон далечната земја, блудниот син од приказната се одалечил од Божјата љубов. Одалечувањето од Бога имало страшни последици. Тој се отуѓил и страдал од самотијата, индивидуализмот, горчината и помрачението. Животот во гревот е мрсна тиња, која не го задоволува ниту еден сериозен и благоразумен човек. Подчинувањето на страстите претставува реално поробување и силни ропски окови. Тоа води до болка, потиштеност, скрб и страдање од насладата. Факт е, дека сладоста на насладата е минлива, додека страданието е долгогодишно. Без покајанието страданието станува поживо. Покајанието е осознавање на гревот. Преку тоа првоначално осознавање на гревот човекот се трогнува, се умилува и ја разбира реалноста на својата состојба. Плачејќи за својот блуден живот во Ерусалим, преподобната Марија Египетска имала силно чувство на покајание, кое ја одвело во Јорданската пустина. Нечистототата, осквернувањето и смутот згаснале во пустината. Таа наполно се покајала и од блудница на Александрија станала најголемата подвижничка на вековите, претрпувајќи ја многугодишната силна војна со искушението да се врати на блудниот живот. Одвраќањето од гревот води кон враќање, до исповедање и примање на грешките, до добри дела, богољубие и човекољубие. Тоа не води до лавиринтот на помислите, комплексот на вината и неприфатливото очајание. Преблагиот и благољубив Бог не се изморува да го очекува враќањето на Своето создание. Тој не се кара, не заплашува, не притиска, а само се надева. Тој се надева да се вратат неговите чеда, за да можат да живеат вистински радосни. Покајанието бара дерзновение, решителност и извесна смелост. Вистината е, дека не постојат многу патишта на покајанието. Покајанието означува промена на умот, промена на начинот на мислење, искрено обраќање. Би кажале, дека тоа означува себеосуда, скрб за страстите, кои внимателно сме ги култивирале, смиреномудрие, простување, милостиња, молитва со солзи. Покајанието не е за малкумина, за определени, за некои високостоечки. Исцелителното покајание е за многумина, за сите, за мали и големи. Сите сме згрешиле во нешто. Нужно е да се поправиме. Сите имаат нужда од покајание. Се разгневивме, неправилно се научивме, свикнавме со профаното, отуѓувачкото, туѓото. Треба да ги исповедаме нашите грешки без предговори и оправданија. Покајанието е нешто што ќе ни даде внатрешен мир, срдечна радост, височина на животот. Покајанието не означува површно „закрепнување“, живот “кому иде“ и „горе долу“. Покајниците се воскреснуваат, преобразуваат и се поправаат на чудесен начин. Никој не е исклучен од чудотворното покајание. Сите се прозвани да се променат и од лицемери да станат чисти, од лажливи – вистинити, од непокајани подпросечни луѓе – покајани христијани и патриоти. Покајанието ќе даде утеха, поткрепа и надеж. Никој да не стравува од покајанието, тоа е наполно неопходно. Сега само чудото на покајанието може да нè спаси, кое започнува во длабочините на нашето срце…

Старец Моjсеј Светогорец

Previous articleСвета Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај (Втора Недела по Педесетница)
Next articleСпасението во Христос