Радувај се, зашто името ти е човек!

2419

Стегајќи заби, стискајќи тупаници до болка, радувај се, зашто живееш! Радувај се на ведрината на небото и рубиновите зраци на изгрејсонцето! Радувај се на бисерот од капките дожд, затоа што не може поинаку! Радувај се со очајната радост на изранет воин! Битката нека е изгубена, но знамето не е спуштено и оружјето не е фрлено во калта, и не бегаш со срам, затоа што нема од што да се бега! Останува само да се стои, со лице пред смртта. А кога ништо не останува, радувај се со голема радост за ближните свои. Радувај се на туѓата љубов и гласната смеа на децата на другите! Дури и кога железни облаци натежнале, радувај се! Во дожд и кал радувај се!

Радувај се и ликувај, презирајќи ја болката, зашто името ти е човек!

Епископ Лонгин (Жар)

Previous articleХристијанската вера е дар Божји но и заслуга на човекот
Next articleКако Христијанинот да го започне својот црковен живот?