Молитва на дете за неговите родители

1608

Колку сум радосен Господи, кога се обраќам кон Тебе и Те молам за
моите родители! Тие постојано се грижат за мене. Се трудат и со
голема љубов настојуваат да ме сочуваат од несреќа, болест и од
секое зло. Тие секогаш имаат желба да ми биде добро и сакаат да
бидам здрав, да станам добар и умен човек. Награди ги, Господи, со
Твојот благослов за сите добрини и за нивната љубов кон мене. Дај им
здравје и успех; чувај ги од несреќа, помагај им преку целиот живот
да бидат среќни. Не ги лишувај од Твојата помош и секогаш биди над
нив. Помагај ми и мене да ги сакам, да им бидам послушен, да ги
извршувам нивните добри совети; со ништо да не ги огорчувам и да
им бидам утеха и радост. Ова ќе биде за нив најсаканата награда за
сите нивни грижи, беспокојства и труд околу мене, Ти се молам од се
срце, дај им ја оваа награда. Послушај ја, Господи мојата искрена
молитва и исполни го нашиот дом со радост, зашто од Тебе го чекаме
секое добро и Тебе Те прославуваме како наш небесен Отец. Амин!

Previous articleСвета Тајна Причест
Next articleПрославен патрониот празник на МПЦО Света Злата Мегленска во Хоперс Кросинг