За усогласувањето на човечката волја со волјата Божја

1947

Верувам дека Господ го устројува моето спасение, испраќајќи ми едно или друго…
Воочувам дека следењето на сопствената волја, на човекот му носи неволји и тешкотии. Нека биде блага и совршена Божјата волја! На неа се препуштам самиот себеси и целиот свој живот и сè: прифаќањето на Божјата волја му носи мир на моето срце.
Препуштањето на самиот себе на волјата Божја можно е кај оние со чист живот. Тие добиваат дар на духовно расудување, а тоа е највисоко од сите добродетели…
Бог, „ги упатува кротките кон правда и ги учи кротките на Своите патишта.“ Овие зборови значат дека Самиот Господ нè учи на патиштата Божји, а не човекот. Само Господ може човекот да го научи на патиштата Негови, но не ги учи Он сите луѓе туку само кротките, бидејќи оној кој се смирува во своето срце, тој ја прави душата способна да го прими божественото учење…
Секој ќе ожнее тоа што ќе посее. Не треба да се бара човечката правда, барај ја само правдата Божја. Ако во сè се препуштиме на волјата Божја, тогаш ќе биде сè во ред, дури и непријатното, ќе биде прифатено како неопходно.

Преподобен Никон Оптински

Previous article6 - ти број на Пастир - Парохиски весник на МПЦО Свети Никола - Престон
Next article„Волот го познава Својот Господар и магарето јаслите на Господарот Свој, а Израил народот Мој, не знае за Мене“