Во Света Петка во Мил Парк се враќа Неделното училиште

2379

во недела, 15 октомври, во црквата Света Петка во Мил Парк се враќа Неделното училиште!

Неделното училиште им дава на децата можност да научат за нашата прекрасна православна вера. Опфатени теми се: Библијата, Светиите, празниците, Светата Литургија, молитвата, како и многу други теми што се важни за Македонската Православна Црква. Децата учествуваат во различни забавни активности додека учат и комуницираат со пријателите. Учениците учествуваат на Светата Литургија со примање на Светата Причест, како и со пеење молитви и псалми.

За Коледе (5-ти јануари), има посебен забавен ден кога учениците од неделното училиште можат да учествуваат на Божиќната претстава (драма).
Затоа дојдете и придружете ни се кога ќе можете! Часовите се одржуваат секоја недела од 09:00 часот во црковната сала, и тоа БЕСПЛАТНО!
Тема оваа недела е знакот на крстот, метаниите (поклоните) и почитувањето на иконите.

Previous articleБогатите осиромашеа и огладнеа
Next articleДа внимаваме, да бидеме на стража