Да внимаваме, да бидеме на стража

3314

Овде, на земјата, луѓето треба да се потрудат да не го примаат предлогот на злите духови. Светите Отци велат дека треба добро да внимаваме, да бидеме на стража и да знаеме дека секоја мисла што ни го пореметува внатрешниот мир е упатена од пеколот. И таквиот предлог да не го примаме, веднаш да го отфрлиме! Ако се согласиме да почнеме да разговараме со него, нè вплетува во мрежите на адот. Од таа една пеколна мисла, се ројат многу и дури потоа човек ќе види каде залутал и што направил. Едното зло се надоврзува на друго, па потоа, кога ќе дојде при себе човекот си вели: Што ми требаше сето ова, си бев мирен, тивок, и одеднаш сè се расипа. А се расипа бидејќи не стражаревме.

Старец Тадеј

Previous articleВо Света Петка во Мил Парк се враќа Неделното училиште
Next articleПокров на Пресвета Богородица - Литургија во манастирот Донибрук