Благословен ден - во манастирот Донибрук работно одбележан Денот на македонската државност

1570

На 8 септември, кога се празнува споменот на светите маченици Адријан и Наталија и Денот на независноста на Р. Македонија, по утринската богослужба, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, Викторија, се организира работна акција околу новата манастирска црква.

Група патриоти и пријатели на манастирот, празникот на државноста на Р. Македонија го прославија работно во својот македонски манастир, подготвувајќи ја подлогата за бетонирање на пешачката патека околу новоизградената црква.

За многу години празникот и нека е сé во слава на Бога!

     

 

Previous articleПоуки на Светите Отци за бракот и воспитувањето на децата
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Престон (15-та Недела по Педесетница)