Поуки на Светите Отци за бракот и воспитувањето на децата

3737

Оние кои се женат и мажат, должни се, во таа заедница да стапуваат со согласност на епископ, за да тој брак биде во Господа, а не заради страсти. Сè нека биде во слава Божја.

Свештеномаченик Игнатиј Богоносец

Вие, на кои во овој живот, честитиот брак ви ставил свои пранги, размислете за тоа, како да внесете што повеќе плодови во небесната житница.

Свети Григориј Богослов

Мажот, мора да мисли на тоа, во својот дом да всади побожност, со дела и со зборови. Жената пак нека се грижи за куќата, но освен таа обврска, мора да има и насушна грижа за тоа, целото семејство да се грижи за Царството Небесно.

Свети Јован Златоуст

Правејќи едно тело, (брачните другари) имаат и една душа и со взаемна љубов еден со друг се поттикнуваат на ревност и побожност. Зашто бракот не оддалечува од Бога, туку напротив, уште повеќе врзува, бидејќи тогаш има уште повеќе причини за обраќање кон Него. Малиот кораб и при слаб ветер се движи напред… големиот кораб нема да се помрдне ни при лесен ветер… така им е и на оние, неоптеретените со житејски грижи, помалку им е потребна помош од Бога, додека оној, кој има потреба да се грижи за милата сопруга, имотот и децата, длабоко влегува во морето на животот и неопходна му е поголема помош од Бога, заради што тој и самиот повеќе го сака Бога.

Свети Григориј Богослов

Ако помеѓу мажот и жената постои еднодушност, мир и љубов, кон нив потекува секакво добро. Нити злобните клевети не се опасни за брачните другари, кои Бог ги заштитил со некаков бедем… Тоа го умножува нивното богатство и ја привлекува големата Божја благонаклонетост…

Свети Григориј Богослов.

Телесната убавина несоединета со душевните доблести, може да ги привлекува брачните другари дваесеттина денови за да потоа би ја изгубила својата сила и покажувајќи ги грдите особини на брачните другари, и така би ја уништила љубовта.

Свети Григориј Богослов.

Раѓањето деца, станала најголема утеха за луѓето кога тие станале смртни. Заради тоа, човекољубивиот Бог за да им ја ублажи казната прародителска и да им го намали стравот од смртта, во истиот момент, им дарувал раѓање на деца, со тоа покажувајќи го праобразот на Воскресението.

Платон, Митрополит Московски

И кога целиот наш живот би го поминале во среќа, повторно би биле строго казнети ако не сме воделе грижа за спасението на децата. Децата не се случајна добивка и ние сме одговорни за нивното спасение.

Свети Јован Златоуст

Блажен е оној кој богоугодно ги воспитува децата.

Преподобен Ефрем Сирин

Младите не треба да се заплашуваат тогаш кога веќе ќе пораснат; тие треба да се воспитуваат и усмеруваат уште од детството. На тој начин, покасно ќе нема потреба од закани.

Свети Василиј Велики

Бог не можеме да го измамиме. Оној Кој ги испитува срцата, сè открива и ја става пред нас одговорноста за спасението на децата.

Свети Василиј Велики

Нема да се грижиме да стекнеме богатство и да им го оставиме на децата; ќе ги поучуваме на доблести и за нив ќе бараме благослов од Бога, зашто тоа е најдобро, најголемо и непропадливо богатство, кое со секој ден донесува повеќе дарови.

Свети Василиј Велики

Раѓањето на дете, никого нема да го направи добар татко; тоа единствено го можат добрите поуки; носењето на плодот во утробата, мајката не ја прави мајка, туку доброто воспитување.

Свети Василиј Велики

Ако родителите, не се грижат правилно за своите деца, не ги поучуваат разумно и не им укажуваат на добри правила, тогаш, детската душа ќе бега од нивните раце.

Преподобен Симеон Нови Богослов

Previous articleСвета Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај (14-та Недела по Педесетница)
Next articleБлагословен ден - во манастирот Донибрук работно одбележан Денот на македонската државност