Самовоздигнувањето е отуѓување од Бога - свети Димитриј Ростовски

1314

„Дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам. Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши“ (Мт.11, 28-29).

Нема никаде да најдеш спокој, освен во смирението, и никаде нема да најдеш толку грижи, како во гордоста.

Ако посакуваш тишина и спокој – биди смирен; а ако не е така – тогаш целиот свој живот ќе го поминеш во немир, страдање и болка, и никогаш нема да престанеш да паѓаш.

Смирувај се пред сите, за да бидеш возвисен од Господа. Тажно ќе биде твоето самовоздигнување, ако не бидеш воздигнат од Бога, бидејќи твоето воздигнување е отуѓување од Бога, а Божјото воздигнување е во благодатта Негова.

Доколку самиот се воздигнуваш – Бог ќе те понизи, а доколку самиот се понизуваш – Бог ќе те воздигне. Но Бог и да те воздигне – и тогаш остани смирен, за да бидеш секогаш воздигнуван од Господа.

„Понизете се пред Господа, и ќе ве подигне!“, вели Апостолот. (Јаков, 4.10)

Previous articleВтора недела од Великиот пост во Соборната црква во Сиденхам
Next articleЗа искушенијата и Божјата промисла - Свети Игнатиј Брјанчанинов