Преподобен Наум Охридски во манастирот во Роклин, Викторија

727
„Да ја восфалиме, верни, ѕвездата богосветла, светилникот и бранителот на верата, божествениот Наума, бидејќи тој се радува со ангелите, откако го прими од Бога венецот на нераспадливоста, и се моли да се спасат нашите души.“ (Литиска стихира на Преподобниот, Глас 2)

На 05.01.2017 г., во манастирот на Преподобниот Наум Охридски во Роклин, Викторија беше прославен патрониот празник.

Верниот народ од Мелбурн и околината, традиционално го посети Светинаумовиот манастир во Австралија и го прослави Охридскиот чудотворец.

На Празничната богослужба и Божествената литургија, присутните му заблагодарија на Бога за големата милост, и преку Преподобниот Наум просеа исцеленија за душите и телата. Верниот народ по причестувањето со Христовите Тајни се послужи со празничната трпеза подготвена од овогодинешните домаќини.

00 01 02 03 05 06 07 08 09 10

Previous articleИсцеление во земјата Гадаринска
Next articleБожикно интервју со митрополитот г. Петар