Поддршка на протестот за унитарна и заедничка Македонија во Мелбурн

1291

На 09 Април, пред Македонскиот конзулат во Мелбурн, се одржа мирен собир за поткрепа на унитарниот карактер на Република Македонија.

Народот изрази безрезервна поддршка за претседателот Ѓорѓе Иванов и неговата одлука да не го додели мандатот за формирање на влада на оние партии кои ја подржуваат платформата од Тирана. Насобраниот народ испрати поздрави и поддршка кон граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Собирот беше организиран од Македонската заедница од Мелбурн, во соработка со Светскиот македонски конгрес и повеќе македонски здруженија во Австралија.

Со своето присуство на настанот, поддршка даде и сето свештенство на Австралиско-новозеландската Епархија.

IMG_0992 IMG_0994 IMG_1069 IMG_0996 IMG_0997 IMG_1004 IMG_1008 IMG_1010 IMG_1012 IMG_1022 IMG_1030

Previous articleЦветници во црквата Свети Никола во Престон
Next articleЦветници во црквата Света Богородица - Пречиста во Ливерпул