Молитва кон Свети Лука Кримски

1325

О, себлажен исповедниче, светителу, оче наш Лука, велик угоднику Христов! Ние, кои со умиление ги преклонивме колената на срцата наши и припаѓаме пред кивотот на чесните и многуцелебни твои мошти, како децата таткото, сеусрдно те молиме: услиши нè нас, грешните, и принеси ја молитвата наша пред Милостивиот Човекољубив Бог, пред Кого ти сега, во радоста на светиите со Ангелските чинови стоиш. Зашто веруваме, дека не љубиш со истата љубов, со која сите ближни си ги возљубил, додека беше на земјата.

Испроси од Христа, нашиот Бог, да го утврди во Својата Света Православна Црква духот на правата вера и благочестие, на пастирите да им даде ревност света и грижа за спасение на доверената им паства: оние кои правилно веруваат да ги запазуваат, слабите и немоќни во верата да ги укрепуваат, неупатените да ги поучуваат, противниците да ги изобличуваат. На сите дај ни дар, секому благопотребен, и сè, за времениот живот и вечното спасение полезно: на градовите наши утврдување, на земјата плодородност, од глад и погуба избавување, на тажните утеха, на болните исцеление, на заблудените, на патот на вистината враќање, на родителите благослов, на чедата, во стравот Господов воспитување и поучување, на сираците и сиромашните помош и застапништво.

Дај ни го на сите нам, твојот архипастирски и свет благослов, та со него осенети, да се избавиме од замките на лукавиот и да ги избегнеме сите непријателства и незгоди, ереси и расколи.

Даруј ни, животното море богоугодно да го поминеме, исправи нè на патот, кој води во населбите на праведниците, избави нè од воздушните митарства и моли го за нас, Сесилниот Бог, во вечниот живот со тебе, непрестајно да го славиме Отецот и Синот и Светиот Дух, во Троица славениот Бог, Кому му припаѓа секоја слава, чест и власт, во вековите на вековите. Амин!

Previous articleСлужбен дел - Август/Септември 2016 г.
Next articleGod grants prayer to those who pray - St. Hilarion of Optina