Милост - Старец Сампсон Сиверс

3668

96002917Милост – тоа е кога човек не знае да види зло, кога на сите им простува, кога сите ги оправдува, сите ги сожалува. А пари дава секому ако може.

А монахот… тој нема пари, затоа што нема никаква сопственост. Тој дава милостина кога никого не навредува, кога на сите им простува, сите ги оправдува, сите ги жали и ги смета поголеми од себе.

Ете зошто тој не знае да се гневи и да осудува. Сета негова радост, сета негова суштина на духовниот живот е – љубов кон луѓето, љубов кон Бога.

Ние, пак, се однесуваме сосема спротивно. И тоа е доказ дека не живееме духовно.

Ако го забележуваме лошото (и го прераскажуваме), тогаш тоа е доказ дека не живееме духовно, дека не се молиме, дека не љубиме, дека во нас нема љубов.

Духовниот и милостив човек има голема потреба да дарува, да заштити, прости, оправда и ништо лошо да не гледа во ближниот.

Previous articleПлодот на молитвата
Next articleСинаксар во Неделата на блудниот син