Архиерејска Божествена Литургија и Епархиско Собрание во манастирот Донибрук

1034

На 17 Февруари, кога се празнува споменот на преподобните Исидор Пелусиот и Николај Исповедник, неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски-новозеландски г. Петар, во манастирот на Свети Прохор Пчински во Донибрук, богослужеше архиерејска Божествена Литургија.  На литургијата сослужуваа свештениците од Епархијата, а беа присутни членовите и делегатите на Епархиското Собрание.

За време на литургијата, Митрополитот г. Петар, благоизволи, настојателката на манастирот Донибрук, монахињата Параскева, да ја произведе во игуменија.

По завршувањето на Литургијата, пред почетокот на Епархиското Собрание, беше извршено молитвословието „Призив на Светиот Дух“.

Епархиското собрание заседаваше во манастирската сала. На овогодинешното собрание беа избрани новите членови на Собранието, на телата и органите на МПЦЕАНЗ, како и делегатите на Архиепископскиот Црковно-народен Собор и Архиепископскиот Управен Одбор на Македонската Православна Црква. Донесени беа предлози и амандмани за измена и дополнување на Уставот на МПЦ, повеќе одлуки, резолуции и заклучоци.

По завршувањето на Собранието беше отслужена Вечерна богослужба.

IMG_6172_1 IMG_6175_1 IMG_6176_1 IMG_6181_1 IMG_6187_1 IMG_6191_1 IMG_6204_1 IMG_6212_1 IMG_0020_1 IMG_0021_1 IMG_6244_1 IMG_6246_1 IMG_6247_1 IMG_6249_1 IMG_6253_1 IMG_6257_1 IMG_6260_1 IMG_6265_1 IMG_6278_1 IMG_6281_1 IMG_6282_1 IMG_6283_1 IMG_6285_1 IMG_6291_1 IMG_6304_1 IMG_6314_1 IMG_0030_1 IMG_0031_1 IMG_6321_1 IMG_0048 (1)_1 IMG_6355_1 IMG_6365_1 IMG_6372_1 IMG_6373_2 IMG_6374_1 IMG_6375_1 IMG_6376_1 IMG_6377_1 IMG_6378_1

Previous articleНедела на блудниот син - Божествена литургија во црквата „Свети Илија“, Футскрај
Next articleСабота месопусна - Помен за упокоените во манастирот Донибрук