24-та недела по Педесетница во храмот Свети Илија во Футскрај

669

На 19 ноември, 2023 година, во 24-та Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на светиот Павле Исповедник, патр. Цариградски и на преподобниот Варлаам, во црквата Свети Пророк Илија во Футскрај, Мелбурн, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски г. Петар богослужеше и проповедаше на Светата, Архиерејска и Божествена Литургија во сослужение со парохискиот свештеник: протоереј – ставрофор Љупчо Каревски.

Митрополитот благоволи да ги ракопроизведе г-динот Мајкл Павлески во чин чтец, а чтецот Марјанчо Колески во чин ипоѓакон. Од името на Австралиско – Новозеландската епархија на двајцата ракопроизведени им ги честитаме црковните чинови и им посакуваме да ги носат со достоинство, чест и благодарност кон Бога.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

Previous articleПрославен празникот на Светиот Архангел Михаил во Престон - Мелбурн
Next articleПразникот на Свети Архангел Михаил прославен во Футскрај