Смирението е вистинско херојство

1434

Постои страв Божји и страв човечки. Стравот Божји – тоа е смирението, а човечкиот страв – тоа е малодушноста. Од каде се појавува човечкиот страв? Ако имаш таков страв, значи имаш гордост. Оној кој нема гордост го отфрлил човечкото и се преисполнува со Божјата благодат, преминувајќи од сила во сила. Човечкиот страв е енергија на светското срце. Светското срце – тоа е срце прилепено за светот кој како пајак ги вшмукува неговите животни сили. Тоа е срце во кое наместо крв тече мрснотијата на лошите мисли. Како се победува стравот? Многу просто – биди смирен. Во смирението се потопуваат сите стравови и помисли, како камења во огромниот океан. Тогаш ќе разбереш, дека смирението е вистинско херојство. Затоа на стравот спротиставеното му е имено херојството. Но не тоа херојство за кое се зборува во светот, а херојството на смирението, кое раѓа чисто срце. Чистото срце, кое го познало Неспознатливиот и го сместило Несместливиот нема човечки страв, но има страв Божји, кој во него се претвара во неизменлива Љубов.

Монах Симеон Атонски

Previous articleСвета Литургија во манастирот Донибрук (Петта Недела по Педесетница)
Next articleСвета Литургија во црквата Света Богородица - Пречиста во Ливерпул (Петта Недела по Педесетница)