Часови по веронаука во основно училиште во Пикхрст (Сиднеј)

1014

Во основното училиште „Peakhurst West Public School“ во Сиднејската населба Peakhurst, во рамки на Македонското етничко училиште Фили II“, децата од 5, 6 и 7 одделение, веќе неколку недели, секој понеделник, по редовната настава им се одржуваат часови по православна веронаука. Часовите ги предава парохискиот свештеник при црквата Света Богородица – Пречиста во Ловерпул, протоерејот Димче Воиновски.

Преку вероучението најмладите се поучуваат на нашата убава православна вера, а некои од децата на часовите добиваат можност да го вежбаат, учат и усовршуваат македонскиот јазик.

Денес, на Втор Ден Велигден, радоста кај децата-ученици беше поголема, затоа што секое дете доби велигденско јајце, а воедно на часот, тие научија за историјата и значењето на бојадисаното велигденско јајце.

Христос Воскресна! Навистина Воскресна!

Previous articleВтор ден Велигден - Светол Понеделник во црквата Свети Димитриј во Спрингвајл
Next articleТрет ден Велигден - Светол Вторник во црквата Света Петка во Мил Парк