Службен дел на Австралиско-новозеландската Епархија (25.10.2018 – 22.11.2018)

761

БОГОСЛУЖБИ:

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, благоволи да богослужи Вечерна богослужба, Божествена Литургија и да проповеда:

На 25.10.2018 – Св. Козма Мајумски; Св. мч-ци Пров, Тарах и Андроник; Св. Мартин епископ Турски – Празнична вечерна богослужба во црквата „Света Злата Мегленска“ во Вереби;

На 26.10.2018 – Св. мч-ца Злата Мегленска; св. мч-ци Карп и Папила – Празнична Божествена Литургија во црквата Света Злата Мегленска во Вереби;

На 26.10.2018 – Св. мч-ца Злата Мегленска; св. мч-ци Карп и Папила – Празнична вечерна во црквата „Света Петка“ во Мил Парк;

На 27.10.2018 – Преп. Параскева Епиватска – Петковден – Празнична Божествена Литургија во црквата „Света Петка“ во Мил Парк;

На 27.10.2018 – Преп. Параскева Епиватска – Петковден – Празнична вечерна во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиденхам;

На 27.10.2018 – Св. 40 Битолски препод. мч-ници, преп. мч. Лукијан Антиохиски; преп. Ефтимиј Нови – Празнична Божествена Литургија во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиденхам;

На 31.10.2018 – Св. апостол и евангелист Лука; св. Константин Кавасила  – Празнична вечерна во манастирот „Свети Прохор Пчински“ во Донибрук;

На 01.11.2018 – Преп. Прохор Пчински; пренос на мошти на св. Јован Рилски – Празнична Божествена Литургија во манастирот „Свети Прохор Пчински“ во Донибрук;

На 02.11.2018 – Св. вмч. Артемиј; преп. Герасим Кефалониски –  Вечерна богослужба во црквата „Света Богородица – Пречиста“ во Ливерпул;

На 03.11.2018 – Св. Иларион еп. Мегленски; преп. Иларион Велики (Задушница) –Божествена Литургија во црквата „Света Троица во Сатерланд“;

На 03.11.2018 – Св. Иларион еп. Мегленски; преп. Иларион Велики – Воскресна вечерна богослужба во црквата „Свети Климент Охридски“ во Порт Кембла;

На 04.11.2018 – Св. Аверкиј еп. Ераполски; преп Лот Египетски – Воскресна Божествена Литургија во црквата „Свети Климент Охридски“ во Порт Кембла

На 07.11.2018 – Св. мч-ци Маркијан и Мартириј; св. Тавита – Празнична вечерна богослужба во црквата „Свети Димитриј Солунски“ во Спрингвајл;

На 07.11.2018 – Св. вмч. Димитриј Солунски – Митровден – Празнична Божествена Литургија во црквата „Свети Димитриј Солунски“ во Спрингвајл;

На 10.11.2018 – Св. мч-ца Параскева – Петка Икониска; св. Димитриј Ростовски – Воскресна вечерна богослужба во црквата „Свети Никола“ во Перт;

На 11.11.2018 – Преп. мч-ца Анастасија Римјанка – Воскресна Божествена Литургија во црквата „Свети Никола“ во Перт;

На 17.11.2018 – Преп. Јоаникиј Велики; св. свешт-мч-ци Никандар и Ермеј – Воскресна вечерна богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Бризбен;

На 18.11.2018 – Св. мч-ци Галактион и Епистима – Воскресна Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Бризбен;

На 20.11.2018 – Св. 33 мч-ци Мелитински; св. мч-ца Тесалоникија – Празнична вечерна во црквата Свети Никола во Престон;

На 21.11.2018 – Собор на св. Архангел Михаил; св. Ангел Лерински – Празнична Божествена Литургија во црквата „Св. Пророк Илија“ во Футскрај.

СВЕТИ ТАЈНИ И РАКОПРОИЗВОДСТВА:

 Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, благоволи:

На 04.11.2018 г., да изврши Света Тајна Кршежтение и Миропомазание врз младенецот Пеце Тодоровски во црквата „Свети Климент Охридски“ во Порт Кембла;

На 27.10.2018 г., да го ракопроизведе во чин „чтец“ г. Гоце Домазетовски во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиденхам;

На 21.11.2018 г., да го ракопроизведе во чин „чтец“ Тимотиј Климент Колевски во црквата „Св. Пророк Илија“ во Футскрај.

ПРЕТСЕДАВАЊА, СОСТАНОЦИ, СРЕДБИ И ПОСЕТИ:

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, благоволи:

На 03.11.2018 г., –  да одржи состанок со Градежниот одбор при црквата „Света Богородица – Пречиста“ во Ливерпул;

На 05.11.2018 г., да одржи состанок со Црковната управа при црквата „Свети Климент Охридски“ во Порт Кембла;

На 11.11.2018 г., да претседава со Седницата на Црковно-општинското Собрание на МПЦО „Свети Никола“ – Перт, одржано во црквата „Свети Никола“ во Перт;

На 11.11.2018 г., да ги посети старите и изнемоштени лица во пензионерскиот дом „My Vista Balcatta“ во Перт;

На 15.11.2018 г., да претседава со Седницата на Намесничкото Свештеничко Собрание за Викторија, Јужна и Западна Австралија и Нов Зеланд,  во Митрополијата во Футскрај;

На 21.11.2018 г., да претседава со Седницата на Намесничкото Свештеничко Собрание за Викторија, Јужна и Западна Австралија и Нов Зеланд,  во Митрополијата во Футскрај;

ОДЛУКИ И РЕШЕНИЈА:

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар благоволи:

Со Решение ПМ бр. 55 од 22.11.2018 г., протоерејот Глигор Киселинов да го суспендира и казни со забрана за вршење свештенодејство во време траење од 30 дена, сметано од 01.12.2018 г.;

Со Одлука ПМ бр.57 од 22.11.2018 г., по предлог на старешината на храмот протоереј Миле Талески, да ја распушти постоечката избрана, но не потврдена Црковна Управа и да постави Времена црковна управа, сметано од  01.12.2018 г.;

Со Одлука ПМ бр.58 од 22.11.2018 г., да го разреши протоерејот-ставрофор Тоне Гулев од должноста в.д. архиерејски намесник за Викторија, Јужна и Западна Австралија на МПЦЕАНЗ, и на негово место за времен в.д. Архиерејски заменик за Викторија, Јужна и Западна Австралија на МПЦЕАНЗ, да го постави протоерејот Јовица Симоновски, старешина при црквата Света Злата Мегленска, Вереби, сметано од 01.12.2018 г.

Од Канцеларијата на МПЦЕАНЗ

Previous articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Перт
Next articleСвета Литургија во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук (26-та Недела по Педесетница)