Прославен храмовиот празник Илинден во црквата на Свети Пророк Илија во Футскреј

663

На 1 Август, 2019 година, вечерта, по повод храмовата слава – споменот на Светиот Пророк Илија, во црквата во Футскреј, се отслужи празнична вечерна во сослужение на свештенството од Мелбурн.

Утредента, на 2 Август се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија. На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По благословувањето на празничниот леб и коливо, во црковната сала беше послужена празнична трпеза подготвена од парохијаните на црквата.

За многу години!

   

Previous articleСвета Литургија во црквата Света Злата Мегленска во Хоперс Кросинг (6-та Недела по Педестница)
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Престон (Илинден)