Прославен споменот на Свети Спиридон и одржан Редовниот пикник во манастирот во Донибрук

1033

На 25 Декември, 2019 година, кога се празнува споменот на светиот Спиридон Чудотворец епископ Тримитунски, во манастирот на Свети Прохор Пчински, Донибрук, во сослужение на свештенството на Австралиско-новозеландската епархија се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија. На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По богослужбата се послужи и благослови традиционалното манастирско гравче.

Во дворот на манастирот беше одржан и традиционалниот редовен пикник. Манастирот на денот на Светиот Спиридон го посетија над 350 возила, или над 1200 посетители од кои повеќето фамилии на млади и деца.

Гостите од Мелбурн и околината штедро го даруваа манастирот, и собраа донација од $14,500.00 илјади австралиски долари. Собраните средства ќе се употребат за изработка на иконостасот во новата манастирска црква.

       

 

Previous articleСвета Литургија во Соборната црква во Сиденхам (Спомен на Свети Никола)
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Пророк Илија во Футскреј (Недела на светите Праотци)