Прославен споменот на Преподобниот Наум Охридски во манастирот во Роклин, Викторија

369

На 3 Јули 2021 година, по повод манастирската слава, споменот на преподобниот Наум Охридски, во манастирот во Роклин се богослужеше празнична вечерна, утрена и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата беше извршен Мал водосвет, се благословија празничниот леб и коливо и во манастирската трпезарија беше послужена празнична трпеза.

Преподобен отче Науме моли го Бога за нас!