Прославен празникот на преподобен Наум Охридски во неговиот манастир во Роклин

569

Во манастирот Свети Наум Охридски во Роклин, Викторија, и оваа година молитвено се прослави патрониот празник. Вечерта спроти празникот се отслужи празнична вечерна богослужба, а утредента на 3 јули, во сослужение на свештеници од Мелбурн, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата, посетителите од Мелбурн и околината се послужија со празничната трпеза подготвена од овогодинешните домаќини.

Преподобен отче Науме моли го Бога за нас!

           

Previous articleСвета Литургија во црквата Успение на Пресвета Богородица во Бризбен (Втора Недела по Педесетница)
Next articleСпомен на Свети Наум Охридски во црквата Света Богородица - Пречиста во Ливерпул