Прославен празникот на преподобен Наум Охридски во неговиот манастир во Роклин

6686

Во манастирот Свети Наум Охридски во Роклин, Викторија, и оваа година молитвено се прослави патрониот празник. Вечерта спроти празникот се отслужи празнична вечерна богослужба, а утредента на 3 јули, во сослужение на свештеници од Мелбурн, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата, посетителите од Мелбурн и околината се послужија со празничната трпеза подготвена од овогодинешните домаќини.

Преподобен отче Науме моли го Бога за нас!

      

Previous articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Перт (3-та Недела по Педесетница)
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Престон