Разлози против контрацепцијата, стерилизацијата, вештачкото оплодување и абортусот

2498

Предавање на доктор Антун Лисец

Др. Антун Лисец е хрватски доктор, римокатолик, чии ставови се потпираат, пред сѐ, врз база на современите медицински сознанија и откритија. Ова негово предавање, одржано на 15.02.2009 година во Бар, Р. Црна Гора, првенствено ви го пренесуваме со желба, да се обрне повеќе внимание, не само на духовните, туку и на медицинските аспекти и штетни последици од сите овие современи појави, кои сѐ повеке земаат замав и кај нас.

Мислам дека денес луѓето недоволно се замислуваат над возвишеноста на раѓањето, на тоа да се биде татко, да се биде мајка, над тоа големо Божјо чудо манифестирано во процесот на раѓање на детето. Луѓето забораваат што се тоа вистински радости, постојано бараат нешто околу себе, грчевито грабаат наоколу, уште ова, уште она, а забораваат колкава радост е да се биде татко, да се биде мајка на дете, на повеќе деца, колку Бог ќе даде, што повеќе тоа подобро. Тоа се вистински радости. Ајде сега малку да се спуштиме на она детско ниво, да им се приближиме, да бидеме малку блиски со оние за коишто разговараме.

Иако децата ни се потребни, да се дружиме со нив, да си играме, да бидеме реални луѓе, замислете сега некој господин, менаџер, угледен човек, на своето работно место – сите му се восхитуваат, способен е, направил голема кариера, но самиот тој човек, додека е на тоа некакво високо ниво, соработувајќи со своите деловни партнери или клиенти, како што тоа денес се вели, тој е далеку оддалечен од реалноста на животот. Треба малку да се спуштиме, на пример, на подот од својот дом, ако има деца, две, три, можеби и повеќе, или макар со некои туѓи, да речеме, дошле на гости братот или сестрата со своите деца, па малку да си поиграме со тие деца. Кога веќе човек ќе се спушти на подот покрај тие деца, тој открива еден нов свет. Кога ќе почнеш да си играш со тие деца, тогаш всушност гледаш што нив ги интересира, за што разговараат, откриваш нешто што можеби веќе и си го заборавил. Тоа се тие деца кои веќе се родиле.

Но, мораме да им се приближиме и на оние мали кои сѐ уште не се родиле, што повеќе да ги запознаеме, и нив, исто така, да ги сакаме. Но, без оглед на тоа што детето, на некој начин, е многу мало додека не се родило, тоа не е баш и толку мало, но, тоа сепак постои. Еве, на пример, во моментот на зачнувањето, детето е со големина на петти дел од милиметарот, толку е големината на јајната клетка, и тогаш кога ќе се оплоди, сперматозоидот е многу ситен, тоа е отприлика таа иста величина, петти дел од милиметарот, дури со просто око тоа би можело и да се види, кога би било достапно, но не е, тоа сокриено во телото на жената, па не се гледа.

Сега во неколку збора ќе ви опишам како изгледа детето додека не се роди. Животот на зачетокот – значи, ако не е живо нема да може да се развива – од оваа столица нема да настанат две столици, тоа е мртво. Од таа прва клетка многу бргу се создаваат две клетки, понатаму се множат клетките, детето расте, веќе 17-тиот ден од зачнувањето срцето почнува да му чука, тоа е три-четири дена по доцнењето на менструацијата. Кога на жената нема да ѝ дојде месечниот циклус оној ден кога го очекувала, тогаш детето има отприлика две недели старост, зашто овулацијата и зачнувањето се одвиваат две недели пред очекуваната менструација. Уште неколку дена потоа веќе мало срце чука кај тоа дете, веќе третата недела по зачнувањето во мозокот се воочува појава на мозочна кора, која е поинаква и со сива боја – да може да размислува, после пет ипол недели детето веќе мафта со главчето, со рачињата и ножињата прави фискултура, кога има шест недели веќе ика, се буди и спие, слуша гласови, единаесет-дванаесет недели – тогаш детето изгледа како палецот на нашата рака, со таа големина, а изгледа како возрасен човек на таа димензија, со тоа што главата е пропорционално малку поголема од другиот дел од телото, зашто мозокот побрзо се развива.

Христос рекол: „Што ќе направите на еден од овие мои најмали браќа, Мене ми правите“. А кој е наш најмал брат или сестра, во буквална смисла на зборот, најмал, па токму тоа мало штотуку зачнато дете, како точка, највредното создание во вселената, во најмалата количина на материјата, тоа е тоа мало детенце. А како и можел Господ Исус Христос повеќе да ги заштити тие деца, од тоа што им рекол на луѓето: пазете добро што правите, што нему ќе му направиш, Мене ми правиш. На некој начин Он се поистоветил со оние најзагрозени, и со оние кои сиромашни, отфрлени, јадни, но и со тие мали деца, кои се како една точка, и сите ние сме биле такви – како точка, и хуманоста, всушност, на поединецот, па и на целото општество, се огледува токму во нивниот однос кон најнежните, најслабите, а и хуманоста на докторите, и фармацевтите, како се однесуваат кон оние најнежните, кои се како точка.

Видете, тие деца се токму најзагрозени денес, никогаш толку болни како денес, малите неродени деца. Последиците се страшни, јас за тоа ќе говорам конкретно, и за негативните последици на поединецот и на заедницата, од една поширока перспектива. Па, еве сега, кога веќе се замисливме над вредноста и убавината на животот, над големината и значењето на нашето содејство со Бога во создавањето на нови луѓе, можеме малку и поконкретно да говориме и за штетните последици од убивањето на неродените деца. Меѓутоа, пред тоа морам малку да кажам и за причините зошто, исто така, не смеат да се употребуваат контрацепцијата, стерилизацијата и вешташкото оплодување.

Бог го предвидел достоинството на зачнувањето преку специфичниот однос на мажот и жената. Тоа е таа величина и тоа е она место кадешто Бог го предвидел создавањето на луѓето. Преку љубовта на сопружниците, мажот и жената, се создава на специфичен начин и тоа мало зачнато дете. И постои една врска која Бог ја предвидел помеѓу зачнувањето на детето, бракот и таа брачна љубов. Не смее да се разделува човечката половост од бракот и од зачнувањето, зашто тоа Бог го предвидел како една целина – бракот, брачниот однос поврзан со зачнувањето. Секако, ако детето се зачне и без тоа, на пр. преку силување, родосквернавење, пред бракот, после бракот, тоа има право на живот. И наша должност е да ги заштитиме животите на тие деца, зашто тие деца не се виновни како се зачнале. Но, треба да се бориме за тоа достоинство на зачнувањето, да ја чуваме таа возвишеност и достоинство на зачнувањето. Значи, бракот поврзан со брачната љубов и со отвореноста кон животот. Но, видете сега, токму контрацепцијата ја раскинува таа поврзаност, а и стерилизацијата, која трајно ја оневозможува таа врска на брачниот однос со зачнувањето. И сега, на некој начин, сопружниците како да се однесуваат дека се над Бога и велат: Боже, ние мислиме дека сме над Тебе и ние сега Тебе ќе ти деригираме кога ти ќе му дадеш своја душа на новиот човек, а кога нема. Мажот и жената содејствуваат во создавањето на телото, тие ги даваат своите специфични клетки, сперматозоидите и јајната клетка, тие се соединуваат и тогаш е тоа нов човек. Тие содејствуваат во создавањето на материјалната база, но Бог ја дава душата, и Бог е над нас, и ние не можеме да се однесуваме дека сме над Бога, туку треба да се однесуваме отворено кон Божјиот план. Значи, ако се има брачен однос, тој мора да биде отворен кон животот. Секако, не смее да се практикува сексуален живот пред бракот, туку само што Бог благословил. Но еве, кога Бог го благословил тој брак, таа света Тајна на бракот, тогаш не смее да се раскинува таа поврзаност на брачниот однос со зачнувањето. Постои решение без грев. Тоа е воздржувањето, како еден вид на пост. Немаат брачен однос, ако е оправдана причината да го немаат, ако е оправдана причината да избегнуваат ново зачнување. Не е никаков грев ако тие се одрекуваат од тој брачен однос за некое време, тоа не е никаков грев, не е никаков проблем, но мора да биде оправдана причината и за тоа воздржување, ако за цел го има одложувањето на зачнувањето.

Тоа е сега од духовна страна зошто не смее да се употребува контрацепцијата и стерилизацијата, не само средства туку и постапки, а тоа на некој начин е слично објаснување зошто не смее и вештачкото оплодување, зашто таму исто така се раскинува врската помеѓу брачниот однос и зачнувањето. Видете, кај контрацепцијата и стерилизацијата, сакаме брачен однос но во него го спречуваме зачнувањето, со средства или постапки. А, кај вештачкото оплодување – тоа е кога бебето се зачнува, но без брачен однос помеѓу мажот и жената. Е, сега тука има инсеминација, оплодување во епрувета, за жал почнуваат и со клонирање, и веќе го применуваат, и тоа не е достојно за човекот, тоа не е она што Бог го замислил, тоа достоинство на зачнувањето. Достоинството на зачнувањето е преку брачниот однос, значи, детето има право да биде зачнато на достоинствен начин, преку брачната љубов на мажот и жената. Што е сега тоа инсеминација, конкретно, вие кои сте од село, да речеме, сигурно сте виделе како ветеринарот ги осеменува кравите, преку некаква цевка, ете тоа е инсеминација. А епруветата, тоа е дури и надвор од телото, значи, зачнуваат во некакво стакло откако на жената и даваат некакви стимулации да се ослободат јајните клетки, па ги вадат од телото на жената. Еден гинеколог ми рече дека еднаш од една жена извадил преку осумдесет јајни клетки, значи преку осумдесет деца се зачнале во таа епрувета и ниедно не се родило. Дури и оние кои се занимаваат со тие оплодувања во епрувета признаваат, и тоа го пишуваат отворено во своите часописи, дека помалку од пет проценти на деца што се зачнуваат во епрувета воопшто не се раѓаат.

А каде се останатите? Кој говори за тие деца – останатите? Јас не зборувам за постапката на стимулирани циклуси, т.е мислам на тоа, кога тие стимулираат еден циклус со инекции, па туку се ослободуваат многу јајни клетки, па тогаш од тие јајни клетки кога ќе зачнат, колку деца ќе се родат, тоа е веќе друга работа таму. Јас говорам за останатите деца кои се раѓаат од оние кои се зачнати. Тие обично во еден циклус кога ќе извадат многу јајни клетки, повеќе од тие деца зачнуваат. Помалку од пет проценти, помалку од еден процент, ние тоа не го знаеме точно, што сѐ се прави во тие лаборатотии. Еден гинеколог кој се занимаваше со тоа, па потоа се покаја, што се однесува конкретно на оплодувањето од епрувета, за тоа вели: Едно е приказната за новинарите, и буквално рече – за простите, кои веруваат во она што им се кажува, кога станува збор за тие епрувети, а друго е што навистина се случува зад затворени врати, а за што тие никому и не говорат.

Но, да не мислиме дека тоа е сега решение, со тоа вештачко оплодување, бидејќи таму има многу неплодност, неплодноста денес е во страшно голем пораст. А зошто е во пораст? Најчесто поради човечките грешки во животот. Не секогаш, но многу често. Видете, кај вештачкото оплодување постои хетерологно и хомологно, инсеминација и епрувета. Значи, дали е мажот таткото или е тоа некој друг, тогаш тоа е хетерологно. Сега замислете, на пример, ако мажот е неплоден, и сопругата нему еден ден да му каже: ти сега остани денес дома во куќат, направи го тоа и тоа, а јас ќе прошетам до болницата и таму ќе останам бремена. Детето е нејзино, но негово не е. А кој е таткото? Каде се сите тие деца, кои зачнале, па не се родиле? Значи, на некои од тие деца тие спроведуваат смртоносни експерименти. Дури што е и забрането во некои западни земји, во источна Европа финансираат такви експерименти, смртоносни експерименти. Сакаат да ги искористуваат телата на тие деца за испитување на некои матични клетки. Тие го земаат тоа дете од епруветата, па го расекуваат на парчиња, па потоа тие парчиња понатаму ги развиваат за да се добијат некакви матични клетки, кои повторно понатаму би можеле да се претвораат во некакви други клетки, па потоа на некои богаташи на кои мозокот им е оштетен, почнуваат да им даваат инекции во мозокот от тие матични, детски клетки, или пак за некои други болести, кои наводно сакаат да ги лечат. Тоа е канибализам, човекојадство во прашање. И тоа многу скапо го плаќаат, и сакаат на труповите на тие мали деца нешто да изведуваат, да прават смртоносни експерименти, тоа е страшно. Некои дури и ги продаваат, ги шверцуваат, тргуваат со нив на меѓународниот пазар. Еден гинеколог ми рече дека цената на едно такво дете од епрувета, како точка, смрзнато, на меѓународниот пазар е околу 5.000 долари. И се случува веќе, има случаи, може да се прочита и во весниците, како кај некој патник кој патува од некоја земја во друга земја, во куферот му наоѓаат такви смрзнати деца од епрувета, кои тие ги шверцуваат и ги продаваат во некоја друга земја. Некои од тие смрзнати деца ги ставаат во фрижидер, некои се обидуваат да ги стават во матката, а од оние кои се обидуваат да ги стават во матката најчесто не се прима ниту едно. Умираат поради неприродни услови. А понекогаш, пак се примаат и сите. Па еве, сега некој слуша на телевизија, некоја жена родила осморка, па шесторка, има разни случаи.

Видете, во Загреб пред три години, тројца гинеколози, доценти, професори, дадоа прес конференција за честните последици од стимулацијата и овулацијата – што сѐ штетно се случува за здравјето на жената кога ја приготвуваат за оплодување во епрувета. Кога им ги даваат тие стимулации да им се ослободуваат јајни клетки, жените поради тоа умираат. Особено од рак на дојката и рак на јајниците. Но, за тоа сите молчат, особено во јавноста. Значи, тоа е особено штетно за здравјето на жената.

Извор: Троичник–Списание за православната вера, култура, образование и воспитание; бр.33, 2012

Previous articleПомислите на човекот укажуваат на неговата духовна состојба
Next articleНеколку мисли и еден рецепт на Анастасија Попеску