Пресвета Богородица – Живоносен извор, Вечерна и Молебен канон кон Богородица во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук

1140

Пресвета Богородице Спаси нè!

На 2 Мај, вечерта спроти Светол Петок, кога ги славиме чудесата на Пресвета Богородица  – Животоносен Извор, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, беше отслужена Вечерна богослужба во сослужение на свештенството на Австралиско-новозеландската Епархија. На богослужбата беше извршен чинот на осветување и благословување Петолебие.

По богослужбата и Литијата, кај изворот на минерална вода во манастирот посветен на Пресвета Богородица – Животодавен Извор, беше испеан Молебен канон кон Пресвета Богородица и извршен Водосвет. По поросувањето со осветената вода и принесените прозби кон Божјата Мајка за исцеление и здравје на душите и телата, се послужи вечера за свештенството и верниот народ.

Утредента на 3 мај, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

Христос Воскресна! Навистина Воскресна!

 

 

Previous articleТрет ден Велигден во Соборната црква Раѓање на Пресвета Богородица во Сиденхам
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Илија во Футскреј (Томина недела)