Преподобен Алимпиј Столпник прославен во манастирот „Свети Сава“ во Илајн - државата Викторија

496

На 09 декември 2023 год. кога ги празнуваме Свети Георгиј и Преподобен Алимпиј Столпник – славата на ктиторскиот храм во српскиот манастир „Свети Сава“ во Илајн – Викторија, Света Архиерејска Литургија богослужеа Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – Новозеландски г. Петар и Неговото Преосвештенство Епископот Австралиско – Новозеландски г. Силуан од Српската Православна Црква. Епископот Силуан на Митрополитот Петар му подари икона – копија на образот од Пресвета Богородица Илајнска.

По Литургијата имаше трпеза на љубовта и пријатен разговор помеѓу двајцата архиереи.

Previous articleСвети Климент Охридски прославен во Порт Кембла - Нов Јужен Велс
Next articleВоскресна Вечерна богослужба во Сиденхам - Мелбурн